Големиот Роналдо ја исполни желбата на болното 10-годишно дете

Кристијано Роналдо уште еднаш ја покажа својата човечка големина, исполнувајќи ја желбата на болно дете кое сакаше да го запознае португалскиот ас. Десетгодишниот Џозеф веќе шест години живее со дијагностициран тумор на мозокот, за што е неопходна врвна лекарска нега.

Ова дете од Бристол важи за огромен фан на Роналдо, а благодарение на хуманитарната организација „Пич Интернационал“ неговата животна приказна стигнала до Кристијано, кој самиот организирал посета на Џозег и неговото семејство на Торино. Тој го пречекал својот голем фан, се фотографирал и му подарил дрес, по што заедно со Џозеф бил во ексклузивна прошетка на стадионот на Јувентус.

Човечката големина некогаш е многу поважна од фудбалската, секоја чест за Роналдо.

Се вчитува...