Најновото „чудо од дете“ од фабриката Баерн Минхен е Ленарт Карл, кој оваа сезона експлодираше. „Влета“ како замена за повредениот Џамал Мусиала, и даде шест голови, од кои три во Лигата на шампионите на само четири меча, и се смести во првиот состав на Винсент Компани.
Но, навивачите нема да му ја простат неодамнешната изјава поради која станува „непожелен“ кај фановите. Во текот на брифингот со фановите, Карл зборуваше за своите соништа, и ги насмеа присутните, иако кога добро ќе се размисли и нема многу причина за радост.
„Баерн е голем клуб, сон е да се игра тука, но во некој момент би сакал да играм во Реал Мадрид. Тоа е мојот клуб од соништата. Тоа останува тука помеѓу нас (се смее). Нормално, Баерн е нешто специјално и многу ми е убаво тука“, изјави Карл.
Оваа изјава наиде на многу негодувања кај фановите на „Баварците“ кои ги „прегореа“ социјалните мрежи со критики за младиот играч.
Lennart Karl: “Playing for Bayern is a dream. But at some point I definitely want to go to Real Madrid.”
— TC (@totalcristiano) January 4, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

