Големиот талент на Звезда најмалку еден месец надвор од терените

Црвена звезда објави лоша вест за повредата на Никола Топиќ. Еден од најголемите таленти на светската кошарка во убедливиот триумф на неговиот тим против Партизан во Евролигата заработи повреда на коленото поради која ќе мора да пропушти 4 до 6 недели.

„КК Црвена звезда  ја информира јавноста дека нашиот плејмејкер Никола Топиќ заработи повреда на коленото на натпреварот од 19. коло од Евролигата со Партизан за која е потребна пауза од 4-6 недели. Во периодот на опоравување и терапија клубот навремено ќе ја информира јавноста за состојбата на повредата на нашиот играч“, соопштија од Звезда.

Топиќ е еден од најголемите таленти на светската кошарка, а се очекува на следниот драфт во НБА лигата да биде биран во првите десет играчи.

Се вчитува...