Големиот Жељко Обрадовиќ: Застана пред навивачите и спречи дивеење… (ВИДЕО)

Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ, уште еднаш ја покажа својата спортска големина која секогаш е добро нагласувана од целокупната европска кошаркарска јавност.

Партизан синоќа загуби од Црвена Звезда со 71-73 во нов драматичен финиш, благодарение на двете слободни фрлања на Недовиќ во последната секунда од мечот. А, токму во тие моменти, се чини, Обрадовиќ спречи поголем инцидент кој силно ќе се одразеше на неговиот клуб.

Во моментот кога кошаркарот на Црвена Звезда, Немања Недовиќ, при 71-71, се подготвуваше да ги изведе слободните фрлања дел од партизановите навивачи почнаа да фрлаат предмети на теренот поради што судиите во еден момент го прекинаа мечот и го повлекоа Недовиќ од линијата за слободни фрлања.

Но, Обрадовиќ се појави пред трибината до најжестоките партизанови навивачи и буквално нареди да не се прави тоа. Веднаш беше запрено, а мечот мирно беше приведен кон својот крај….

Се вчитува...