Големите бараа скратување на Серија А: Но, ништо од тоа!

Иако големата италијанска четворка, Милан, Интер, Јувентус и Рома бараше скратување на Серија А, сепак раководството на италијанското првенство на денешниот состанок одлучи и натаму оваа лига да брои 20 клуба.

На состанокот во Милано не помина предлогот на четирите гиганти од Апенините. За овој предлог имало само четири гласа, оние од Милан, Интер, Јувентус и Рома, а сите останати биле против.

„Добро е што не помина себичниот предлог на овие четири клуба да си направат своја мини Суперлига. Фудбалот е нешто многу повеќе од машинерија за пари“ – беа коментарите на останатите клубови по состанокот во Милано.

Се вчитува...