Тренерот на Брајтон и Хов Албион, Роберто де Зерби ја коментираше ситуацијата поврзана со трансферот на Мојзес Каиседо и целата сага со Ливерпул и Челси.
Трансферот на Каиседо во Ливерпул веќе беше виден, но Еквадорецот изјави дека сака само да замине во Челси.
Ниту 127 милиони евра што ги понуди Ливерпул не беа доволни за Каиседо да дојде на „Енфилд“.
„Мислам дека големите клубови можат да ги купат нашите играчи, но не можат да ја купат нашата душа и нашиот дух. Таа не е на пазарот. Многу е поважно тоа од играчите кои ќе го напуштат клубот“, изјави Италијанецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

