Големите срца на футсалците од Мал Ајакс: Прво победиле првенствен меч, па спасиле два човечки животи!

Футсал играчите на штипскиот Мал Ајакс дефинитивно се херои. Откако во вчерашниот тим тие славеле на гостувањето во Битола со 6-7, на враќањето назад во Штип, успеале да спасат човечки живот.

Како што објави тренерот на штипската екипа, Влатко Манев членовите на екипата учествувале во спасувачка акција во која спасиле два човечки животи со извлекување на кола на патот околу Плетвар.

„На Вчерашниот ден нашата Екипа – Мал Ајакс ја оствари најголемата Победа од нејзиното постоење. На лошиот и завеан Пат – Плетвар Херојски како што ние знаеме по пагање на непозната Кола во Провалија се спасени два Човечки животи. Благодарноста што ја добивме од лугето нас не води до УСПЕХ и СРЕЌА“, стои во објавата.

Се вчитува...