ГОЛЕМО БРАВО: Шошкиќ втора недела во низа најдобар новајлија во НЦАА

Македонскиот кошаркар Андреј Шошкиќ од Универзитетот Стони Брук вторпат во рок од две недели е прогласен за новајлија на сезоната во Костал Атлетик конференцијата.

Наградата доаѓа како признание за одличните настапи минатата недела, каде Стони Брук забележа две победи. Шошкиќ просечно постигнуваше по 18 поени, со одличен шут од игра , додека додаде и по шест скока, 4,5 асистенции и 2 украдени топки по натпревар.

Феноменот од Скопје продолжува да блеска во својата прва сезона во колеџ-кошарката, водејќи го тимот како најдобар поентер во овој период од сезоната.

Се вчитува...