Лука Кипровски ја загуби првата професионална борба на поени против Лазар Кликовац од Црна Гора на ВАКО Про настанот во хотелот Сплендид во Будва.
„Лука беше попасивен, не пружи офанзива како што знае и за што се подготвувше, затоа ја изгуби борбата. Го остави прв да работи противникот, додека тој контрираше. Ова не е категорија на Лука (86 кг), тој работи на 81кг. Сепак, ја прифативме борбава бидејќи му треба искуство да се оформи во борец како што треба“, вели селекторот Дејан Митровски – Урко и додава:
„Редовен и посветен е на тренинзите. Не се штеди. Одлично напредува во досегашните борби. Сакам да истакнам дека Лука е млад борец кој за кратко време постигна големи успеси, само му недостасува искуство и тренинг мечеви, да почувствува различни стилови на секој нов противник и да се оформи како комплетен борец. Да се истренира да го користи инстиктот од собраните искуства“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

