Големо истражување на Моцарт: Вардар е шести најуспешен клуб на европската сцена од земјите од екс-Југославија!

Оваа есен се навршуваат точно 65 години од славната лисабонска премиерa и стартот на европските натпреварувања под капата на УЕФА во 1955 година.

До денеска од тогаш се одиграни речиси 25.000 натпревари во Купот на европските шампиони (КЕШ) потоа Лига на шампиони (ЛШ), па Купот на УЕФА а денес Лига Европа, Купот на победниците на Куповите, Интертото купот, Конференциската лига… Меѓу тие натпревари се и оние на македонските клубови, вклучувајќи го Вардар до независноста со дуелите во Купот на победниците на Куповите, Купот на УЕФА и КЕШ.

А, често регионалните навивачи полемизираат кој е најдобриот клуб од регионот, притоа земајќи ги во предвид единствено бројот на освоени титули. Од тој аспект, добро е познато дека најтрофеен клуб во Македонија е Вардар со вкупно 12 првенствени титули (вклучувајќи ја и онаа во Југославија од 1987 година) и плус шест трофеи во Купот. Во Србија најтрофејна е Црвена Звезда со 55 титули, во Хрватска е Динамо Загреб (со 30 трофеи во првенството и 23 во Купот), во Словенија без конкуренција е Марибор со 15 првенствени титули и девет во Купот, во БиХ на врвот се Железничар и Сараево со по седум првенствени трофеи и шест во Купот и во Црна Гора е Будуќност со четири титули во шампионатот и две во Купот.

Сепак, српски „Моцарспорт“ направи големо истражување во кое се анализирани сите настапи на клубовите од поранешна Југославија на европската сцена, и врз основа на нив издвоени се најдобрите клубови во регионот и во секој пооделна земја.

На генералната табела на клубовите од поранешна СФРЈ за европските натпревари од 1955 до 2020 година, најуспешен македонски клуб е Вардар на 13. место од вкупно 91 клуб (колку што учествувале на европската сцена), со 48 бодовни коефициенти. Понатаму е Работнички на 17. место со 23,15 бодовни коефициенти, па Шкендија на 24. место со 11. Слога Југомагнат е на 26. место, па Силекс на 27. место, прилепска Победа на 33. место и Ренова на 46. место. Металург е на 48. место, Македонија ЃП на 53. место, Пелистер на 62. место, Тетекс на 63. место, Цементарница на 65. место, Милано на 68. место, Башкими на 71.место, Хоризонт Турново на 77.место, Шкупи на 85.место и Академија Пандев на 91. место.

За периодот, пак, од 1992 година, по независна Македонија, Вардар е на шестото место на табелата на вечните настапи на европската сцена, а во Топ 10 е уште Работнички на 10. место. Шкендија е на 19.место од 88 рангирани клубови со 11 бодовни коефициенти.

Кога ќе се издвојат само македонските клубови, Вардар е најуспешен со настапите во КЕШ и Лигата на шампионите, како и во Купот на УЕФА, а Работнички е најдобар во настапите во Лигата на Европа.

Се вчитува...