Големо изненадување: Алкараз остана без трофејот во Барселона

Карлос Алкараз не успеа да стигне до својата трета титула во кариерата на турнирот во Барселона откако шпанскиот миленик попладнево беше поразен во големото финале од Холгер Руне со 02 во сетови.

Алкараз допатува во катлаонската престолнина по триумфот на турнирот во Монте Карло, Шпанецот ја имаше улогата на апсолутен фаворит, која сепак не успеа да ја оправда на теренот. Една од причината е и болката во мускулот на која Алкараз се пожали во вториот сет, тој успеа да го доигра мечот, но не беше на посакуваното ниво и Руне заслужено стигна до победата.

Руне го доби првиот сет во тајбрејк со 8-6, по што Алкараз имаше водство од 2-1 во вториот кога се пожали на повреда. Следеше медицински тајмаут, Шпанецот се упати кон соблекувалната, но кога се врати беше очигледно дека е далеку од посакуваниот ритма, Руне знаеше да го искористи тоа и славеше со 6-2, за кревање на трофејот со кој Данецот ќе се врати и во Топ 10 на светскиот тенис, искачувајќи се на деветтото место на најновата АТП-листа.

Останува да се види колку е сериозна повредата на Алкараз, ако се знае дека по денешниот дуел крајно неизвесен е неговиот настап на следниот Матерс-турнир што ќе се одржи во Мадрид.

Се вчитува...