Симона Халеп е најновата тенисер што прерано го заврши настапот на УС Опен откако четвртата носителка вечерва загуби од Американката Тејлор Таунсенд со 1-2 во сетови. Романката рутински го доби првиот сет со 6-2, но Таунсенд потоа ја изненади со промена на тактиката, инсистирајќи на излегување на мрежа. Халеп не се снајде најдобро на ваквиот пристап на американската квалификантка, која најпрвин израмни со 6-3, за потоа во тајбрејк да слави во третиот сет.
Претходно, елиминација во второто коло доживеа и Петра Квитова, губејќи од Германката Андреа Петковиќ со 6-4, 6-4. Бранителката на трофејот, Наоми Осака, лесно славеше над Линете од Полска со 6-2, 6-4, а најимпресивно одигра Јохана Конта, која ја растури Гаспарјан со 6-1, 6-0.
На машкиот дел од турнирот, Иснер го доби дуелот на серверите против Штруф со 3-0 во сетови, додека Зверев во маратонски меч триумфираше со 3-2 против Тиафое од САД.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА