Откако Новак Ѓоковиќ убедливо го елиминира Григор Димитров и се пласираше во финалето на Мастерсот во Мајами, синоќа го дозна и својот ривал во борбата за 100-та титула во кариерата.
Тоа ќе биде чешкиот тенисер Јакуб Меншик, кој приреди големо изненадување во второто полуфинале и го победи домашниот тенисер Тејлор Фриц. Во меч кој траеше нешто помалку од два и пол часа, Чехот победи со 2-1 (7-6, 4-6, 7-6).
Сепак, Чехот беше посолиден, сервираше неверојатни 25 аса со 82% освоени поени на прв сервис. Нијансите навистина одлучуваа, и ако треба да се бара мана во играта на Фриц, тоа би биле поените од вториот сервис, кои беа под 50 проценти.
Пред Мајами, Меншик беше на 54. место во светот, но сега ќе се пробие во светските Топ 30. Пред пет месеци наполни 19 години, игра навистина фантастичен тенис и пред се сервира неверојатно брзо и прецизно.
Ѓоковиќ и Меншик веќе играа еднаш, лани во Шангај кога најдобриот на сите времиња успеа да победи со 6-7(4), 6-1 6-4.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА