Големо изненадување во Пекинг: Алкараз на колена пред Јаник Синер

Големо изненадување во полуфиналето на АТП турнирот во Пекинг. Првиот носител на турнирот, Шпанецот Карлос Алкараз не успеа да се пласира во финалето, по поразот во полуфиналната пресметка од Италијанецот Јаник Синер.

Крајно изненадувачки, Синер во само два сета со 6-7(4) и 1-6 успеа за помалку од два часа да го реши големиот фаворит. Ако во првиот сет Алкараз и гаеше надежи за триумф, вториот сет мина во целосна доминација на Синер.

Синер во финалето ќе игра против Русинот Данил Медведев кој во првата полуфинална пресметка го победи Александар Зверев.

Се вчитува...