Роберто Манчини и Луис Енрике ги одредија стартните состави за првиот полуфинален дуел меѓу Италија и Шпанија на ЕВРО 2020.
Манчини место повредениот Спинацола во игра го пушта Емерсон, додека Енрике место Алваро Мората во нападот стартува со Ојарзабал.
Натпреварот го суди Германецот Феликс Брих, а победникот во финалето ќе се соочи со подобриот од второто полуфинале меѓу Англија и Данска, кое утре се игра исто така на Вембли во Лондон.
СОСТАВИ:
ИТАЛИЈА: Донарума – Ди Лоренцо, Бонучи, Кјелини, Емерсон – Барела, Жоржињо, Верати – Киеза, Имобиле, Инсиње
ШПАНИЈА: Симов – Аспликуета, Ерик Гарсија, Лапорт, Жорди Алба – Коке, Бускетс, Педри – Феран Торес, Ојарзабал, Дани Олмо
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА