Познатата загрепска сала „Дражен Петровиќ“ беше уништена за време на бурата што ја погоди Хрватска. Куполата на покривот пукна и се урна, а делови од неа паднаа на паркетот.
Салата е затворена додека не се санира штетата, а вработените работат од дома.
Кошаркарскиот центар „Дражен Петровиќ“ е кошаркарска сала со капацитет од 5.048 седишта што е изградена во 1987 година.
Салата ја користи кошаркарскиот клуб Цибона, а натпревари играат и КК Динамо Загреб и КК Хермес Аналитика.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

