Големо невреме го урна кровот на култната сала во Загреб

Познатата загрепска сала „Дражен Петровиќ“ беше уништена за време на бурата што ја погоди Хрватска. Куполата на покривот пукна и се урна, а делови од неа паднаа на паркетот.

Салата е затворена додека не се санира штетата, а вработените работат од дома.

Кошаркарскиот центар „Дражен Петровиќ“ е кошаркарска сала со капацитет од 5.048 седишта што е изградена во 1987 година.

Салата ја користи кошаркарскиот клуб Цибона, а натпревари играат и КК Динамо Загреб и КК Хермес Аналитика.

Се вчитува...