Синоптичарите предвидуваат силни дождови за време на церемонијата на отворањето на ЛОИ која е закажана за вечерва од 20 часот.
На бреговите на реката Сена се очекува да се соберат повеќе од 300.000 гледачи, со спортисти на бродови и речни чамци, како дел од екстравагантната церемонија на отворање што ќе ја следат повеќе од милијарда луѓе. Во петок од 18 часот до полноќ се очекуваат околу 30 мм дожд за време на тричасовната церемонија на која присуствуваат светски лидери и познати личности.
Националниот синоптичар Метео Франс исто така очекува дожд во петок навечер. Олимписките игри започнаа со големи проблеми, откако саботери ја нападнаа француската мрежа за брзи возови „ТГВ“ во серија напади низ целата земја пред зори, предизвикувајќи хаос во патувањето неколку часа пред церемонијата на отворање.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА