Големо признание за македонскиот репрезентативец: Ти Џеј Шортс во идеалната петорка на Еврокупот (ФОТО)

Натурализираниот македонски кошаркарски репрезентативец Ти-Џеј Шортс се најде во изборот на најдобарата петорка на сезоната во Еврокупот. Плејмејкерот игра неверојатна сезона во кој во предводи својот Париз до финалето па овој избор не е изненадувачки.

Македонецот во регуларниот дел од сезоната беше прогласен за најкорисен играч на првото, десеттото и дванаесеттото коло, а и го понесе ова признание за четвртфиналето и полуфиналето од разигрувањето за титула.

Притоа Шортс го предводи силното натпреварување со просек од 23.4 индексни поени, а и со 18 поени по натпревар е втор најдобар поентер. Притоа постигнува и 7.5 асистенции по натпревар со пет натпревари со најмалку десет асистенции.

На Шортс во изборот на најдобрата петорка на Еврокупот друштво му прават и Тревон Вилијамс, Гејб Оласени, Ајзеа Мајк и Метју Морган.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BKT EuroCup (@eurocup)

Се вчитува...