Македонскиот пливач и маратонец, Евгениј Поп Ацев доби огромно признание станаувајќи дел од Интернационалната „Куќа на славните“ во маратонското пливање како почесен пливач во класата 2024 година.
Поп Ацев не го криеше задоволството по добивањето престижното признание. Говореше за придонесот кој и го даде на Македонија, а и им се заблагодари на сите кои две децении беа дел од неговата пливачка кариера.
„Голема чест и привилегија е да се биде во „Куќата на славните“ на маратонско пливање, меѓу најголемите имиња во историјата на светското пливање. Посебно сум среќен и горд што правејќи го она што најмногу го сакам и пливајќи за Македонија, придонесов и оставив белег во светот на маратонското пливање.
Многу сум благодарен за номинацијата, за изборот и за големото признание од една ваква голема светска организација, како и на сите кои беа дел од мојата пливачка кариера и ме поддржуваа во минатите 20 години“, изјави Поп Ацев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА