Големо признание за Македонија и ШФМ: Домаќини на Светското сениорско екипно првенство во шах!

Големо признание за Македонија и Шаховската федерација на Македонија која оваа година ќе биде домаќин на голем светски настан.

Македонија од 19. до 29. септември ќе биде организатор на Светското екипно првенство за сениори кое ќе се одржи во Охрид и во Струга.

За првпат во историјата на самостојна Македонија, ФИДЕ и додели на ШФМ и нашата земја организација на настан од светски рамки.

„После 50 години Македонија ќе биде домаќин на едно големо светско шаховско натпреварување. Секоја чест и благодарност на сите кои се вклучија во овој проект и не поддржаа“ – истакна претседателот на Шаховската федерација на Македонија, Саша Богдановиќ по добивање на Светското првенство.

Се вчитува...