Џанлуиџи Буфон уште еднаш покажува дека возраста нема преголемо внимание врз класата, откако искусниот голман на 38 години беше избран за најдобар италијански фудбалер во изминатата 2016.
Во годината во која тој апсолутно доминираше со Јувентус, освојувајќи ја двојната круна на италијанската сцена, а имаше и солиден настап во Лигата на шампионите, Буфон беше импресивен на голот на „аѕурите“ за време на ЕП во Франција. Сето тоа беше доволно за тој да биде далеку пред ривалите и да се закити со големото признание.
Буфон најави дека ќе ја заврши својата кариера по СП 2018 во Русија, на 40-годишна возраст, но со оглед на формата во која се наоѓа не се исклучува можноста да продолжи да игра и по следниот мундијал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА