Големо засилување: Мојсов се врати назад во Тиквеш

Тиквеш успеа да обезбеди големо засилување за наредната сезона, откако кавадаречкиот прволигаш потпиша договор со Даниел Мојсов. Искусниот дефанзивец и поранешен долгогодишен репрезентативец минатата сезона ја мина во дресот на Брегалница, но летово се реши да ги промени клупските бои прифаќајќи ја понудата на клубот од родниот град.

„ОФИЦИЈАЛНО Најдобриот штопер во Мак фудбалот – ДАНИЕЛ МОЈСОВ е ново засилување во одбраната на нашиот клуб. Некогашниот репрезентативец конечно се враќа во матичниот клуб на Градски стадион во Кавадарци… По враќање од годишниот одмор, ќе биде познато времетраењето на неговиот договор“, објави Тиквеш на официјалната клупска страница на фејсбук.

Кавадарчани веќе потпишаа договор со поранешниот играч на Вардар, Џемаил Ибиши, потоа со Благоја Спиркоски од Гостивар, како и со португалскиот напаѓач Мариа Гасама.

Се вчитува...