Големо засилување: Партизан потпиша со екс-фудбалер на Ливерпул

Партизан донесе сериозно засилување откако белградските „црно-бели“ потпишаа договор со Лазар Марковиќ. Станува збор за поранешен играч на Партизан, кој по неколкуте европски авантури на крајот реши да се врати назад во клубот каде ја лансираше својата кариера.

Преодниот рок во Србија е истечен, но трансферот можеше без проблеми да биде комплетиран бидејќи Марковиќ пристигнува како слободен играч, по истекот на договорот со Ливерпул. Тој не успеа да се наметне кај Јирген Клоп, имаше неколку позајмици, за по истекот на договорот да си замине од „Енфилд“ и кариерата да ја продолжи назад во српскиот гигант.

Поранешниот српски репрезентативец е пријавен и за настап во Лигата на Европа, каде Партизан се наоѓа во иста група со Манчестер Јунајтед, АЗ Алкмар и Астана.

Се вчитува...