Големо засилување за Црвена Звезда за продолжението од сезоната во Евролигата. Филип Петрушев повторно се врати во црвено-белиот дрес, потврди и агентот на кошаркарот Мишко Ражнатовиќ.
Црвена Звезда долго време се обидуваше да го врати Петрушев во своите редови, но Олимпијакос, се досега, одлучи да го задржи поради повреди на двајцата свои центри. По нивното враќање сега Петрушев доби дозвола до крајот на сезоната да може да се врати во Белград.
„Филип останува црвено-бел, но сега повторно во својата Звезда“ – објавија официјално од белградскиот клуб.
Според информациите, Петрушев ќе се врати во Црвена Звезда како позајмен кошаркар до крајот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА