Женскиот кошаркарски прволигаш Бадел успеа да обезбеди огромно засилување за клучниот дел од сезоната потпишувајќи договор со македонската репрезентативка Александра Стојановска. Оваа кошаркарка голем дел од кариерата мина носејќи го дресот на Бадел, а пред две години замина и се реши за интернационален предизвик.
По ангажманот кој го имаше во Фљамуртари, и по успешната рехабилитација по повредата на скочниот зглоб, Стојановска се врати во татковината и по пауза од две години повторно ќе ја гледаме во домашното првенство.
„Среќна сум што повторно сум дел од овој колектив, кој воедно ми пружа шанса за мое враќање на терен. Моите очекувања пред сè, се оваа сезона да продолжи успешно. И сите да останеме во добро здравје поради целата ситуација со пандемијата. Исто така, верувам дека ќе се бориме заедно и ќе го дадеме максимумот за да освоиме нова шампионска титула!“– изјави Стојановска, која во исто време ќе биде и тренер во младинската школа на Бадел 1862.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА