Црвена Звезда успеа да осигура уште еден значаен трансфер откако го договори враќањето на Немања Радовиќ, крилниот офанзивец кој ќе пристигне од редовите на Торино.
„Црвено-белите“ и во текот на минатата сезона го бараа Радоњиќ, но фудбалерот реши да се пресели на позајмица во Мајорка. Тој не се снајде најдобро во овој клуб, а по летното враќање во Торино јасно му беше ставено до знаење дека не е дел од плановите на оваа екипа. Радоњиќ во меѓувреме преговараше со неколку клубови, но откако Црвена Звезда успеа да обезбеди влез во Лигата на Шампионите тој ја прифати понудата за камбек на „Маракана“.
Офанзивецот ќе потпише тригодишен договор за плата од еден милион евра по сезона, а засега не се открива колку ќе заработи Торино од продажбата на српскиот интернационалец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА