Црвена Звезда договори уште едно големо засилување за наредната сезона, откако по Никола Калиниќ својот камбек во клубот го договори уште еден поранешен ас, плејмејкерот Стефан Јовиќ. Двете страни ги договориле условите за двогодишна соработка, а се очекува во следните денови „црвено-белите“ и официјално да го потврдат трансферот, со кој Дејан Радоњиќ ќе добие уште еден извонреден кошаркар во тимот.
Радоњиќ и Јовиќ беспрекорно соработуваа во Црвена Звезда, што беше причина овој тренер да го доведе плејмејкер во своите редови и откако замина во Баерн Минхен. Јовиќ потоа од Баерн се пресели во Химки, а откако Радоњиќ се врати на клупата на „црвено-белите“ веднаш стана актуелен камбекот на плејмејкерот, особено по големите финансики проблеми на Химки.
Тој ќе биде вториот плејмејкер доведен од „црвено-белите“ за наредната сезона, по Никола Ивановиќ од редовите на Будуќност. Покрај нив, тимот го засилија и Никола Калиниќ, Лука Митровиќ и Арон Вајт, а се најавува и доаѓање на нов центар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА