Големо засилување за Шкендија: Тетовци го промовираа напаѓачот Бамба! (ВИДЕО)

Шкендија промовираше големо засилување за својот напад во името на офанзивецот од Брегот на слоновата коска, Доуда Бамба.

29-годишниот Бамба, кој има и норвешки пасош, доаѓа од редовите на турски Умранијаспор каде настапуваше изминатава сезона.

Претходно, во својата кариера, беше дел и од турски Алпај, бугарската ЦСКА Софија, како и норвешките Бран, Конгсвингер и Кристиансунд.

Се вчитува...