Најдобрите македонски судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, добија големо признание со делегирањето за финалниот натпревар на Европското првенство. Тие ќе ја делат правдата на денешната пресметка за златото меѓу Шпанија и Хрватска.
Начевски и Николов конечно дочекаа да бидат дел од едно големо финале во сениорска конкуренција. Тие важат за едни од најдобрите ракометни судии во Европа и во светот, а досега имаа едно финале на мундијал за младинци.
Македонската судиска двојка ќе биде дел и од ракометниот турнир на Олимписките Игри во Токио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА