Еден од најдобрите кошаркарски играчи на сите времиња, Мајкл Џордан повторно ја покажа својата хумана страна. Американецот целиот профит од документарната серија „Последниот танц“, односно 2 милиона долари, го донираше во хуманитарни цели, потточно на фондацијата за луѓе погодени од коронавирусот.
„Во овие тешки времиња и година на непредвидливи потешкотии предизвикани од Ковид-19, поважно е од било кога да застанеме и да дадеме благодарност. Горд сум што можам да ги донирам бенефициите од „Последниот танц“ на „Фидинг Америка“ и нивните кујни во Чикаго и Карлона за помош на гладните луѓе во Америка“ – изјави Мајкл Џордан.
Ова не е првата, ниту последната хуманитарна донација на Мајкл Џордан. Претходно, во јуни објави дека ќе донира 100 милиони долари во следните 10 години за помош во битките за социјална правда и полесен пристап до едукација. Меѓу останатото е и отварањето на две здравствени клиники во Шарлот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА