Кошаркарските квалитети на Перо Антиќ се несомнени и многу пати докажани, но македонскиот ас се почесто импресионира со својата човечка големина, да им помогне на оние на кои помошта им е неопходна.
Тоа беше случај и на вчерашниот дуел меѓу Црвена звезда и Цедевита, натпревар на кој Антиќ беше во главна улога со својот однос кон Лука Ивесиќ, 9-годишно дете што болува од церебрална парализа. Македонецот пред мечот му подари свој дрес на Лука, а по натпреварот го зеде в раце за да ја прослави дерби-победата со остатокот од екипата на средината од теренот.
Еден е Перо Антиќ, нема што…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА