Организацијата на финалето од Лигата на шампионите кое утре од 20:45 часот во Киев го играат Ливерпул и Реал Мадрид се претвора во вистински дебакл.
Аеродромот во Киев откажа неколку летови од Англија затоа што не може да прими толку авиони колку што се најавени, па навивачите на Ливерпул со автобуси тргнаа кон Киев за што ќе им бидат неопходни 48 часа. Илијадници навивачи на Ливерпул уште не знаат дали ќе стигнат на време, агенциите се обидуваат да букираат вонредни летови, но безуспешно.
А, навивачите на Ливерпул и на Реал се дополнително бесни поради екстремно високите цени на билетите и сместувањето, поради што од Мадрид навивачите веќе вратија 2.000 билети. Ноќевањата во Киев се поскапи и до 100 пати во однос на редовните цени. Едно ноќевање, кое претходно било 25 евра во хотелите, се наплаќа сега и по 2.500 евра од лице.
Гледајќи го тоа, жителите на Киев исто така револтирани, кои не сакаат за нивниот град да се зборува негативно низ светот, како преварантски се одлучија на фејсбук да отворат група „Kyiv FREE couch“, на која се нуди бесплатно сместување за навивачите. Во оваа акција се вклучија илјадници Украинци, пред се секако жители на Киев, кои нудат сега бесплатно сместување. Групата веќе има 8.000 членови кои сакаат на сите Англичани и Шпанци да им помогнат да се чувствуваат пријатно во украинскиот главен град.
„Социјалните мрежи беа преполни со постови на навивачите на Ливерпул и на Реал кои се жалат на превисоките цени во Киев. Ние Украинците сме срдечни луѓе и горд сум на своите сонародници кои сакаат сега да помогнат. Фудбалот треба да ги обединува различните нации и култури, а не да ги раздвојува поради жедта на некои нечесно да заработуваат“ – рече Виктор, кој ја отвори групата на фејсбук.
Locals in Kiev have been helping #Liverpool fans who can’t get a room for the #ChampionsLeagueFinal. Victor Kylymar who set up Kyiv Free Couch Facebook page says it now has more than 8,000 members. pic.twitter.com/3JhM0WqLyn
— BBC Merseyside (@bbcmerseyside) May 24, 2018
Некои од Украинците, освен сместување и домашна храна, нудат дури и превоз од дури 30 километри оддалечениот аеродром до своите домови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА