Џонатан Дејвид ги мина деталните лекарски прегледи во Торино и во следните 24 часа и официјално ќе го дстави својот потпис на договорот со Јувентус.
Канадскиот репрезентативец беше еден од најпосакуваните играчи на пазарот, поради фактот дека беше слободен играч по истекот на договорот со Лил, доби понуди од десетина заинтересирани клубови, но на крајот го избра Јувентус за следна дестинација во кариерата.
Тој веќе ги договори сите детали, договорот ќе биде со важност до јуни 2030 година, а Дејвид ќе има загарантирани 6,5 милиони евра плата, плус дополнителни 1,5 поврзани со клаузули што ќе треба да бидат исполнети.
Воедно, Јувентус ќе плати осум милиони евра за самиот потпис на договорот, како и 15 милиони евра менаџерска провизија за овој слободен трансфер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

