Големото засилување од Арсенал промаши два пенали, па Монако со гол во 91. минута загуби во дербито од Ница (ВИДЕО)

Монако загуби во дерби пресметката од 6. коло во францускиот шампионат од Ница со 0-1, благодарение само на своето големо летно засилување, Американецот Фоларин Балоган.

Балоган кој ова лето пристигна во Монако за 40 милиони евра од редовите на Арсенал, успеа да промаши два пенали за Монако, па на крај откако тој излезе и од игра, неговиот тим прими гол во 91. минута за пораз од 0-1. По цели 16 години, Балогaн е само вториот фудбалер кој во Лига 1 успеал да промаши два пенали на еден натпревар.

Најпрво не успеа да реализира во 11. минута од средбата…

А, потоа не погоди од белата точка и во 55. минута, па во 67. минута беше изваден од игра.

Ница, откако Монако, не го реализира сето тоа, во 91. минута преку Бога дојде до победата од 0-1.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...