Реал Мадрид игра доста солидно оваа сезона и моментално се уште се бори на два фронта – Ла Лига и Копа дел Реј.
Во Ла Лига тие се втори на табелата со четири бода помалку од првопласираната Барселона и уште пет кола до крајот на првенството.
Што се однесува до Кралскиот куп, утре ги очекува големо Ел Класико во финалето и вистински спектакл со почеток од 22 часот.
Сепак, навивачите не се задоволни од „раната“ елиминација од Лигата на шампионите, поточно елиминацијата во четврт-финалето каде беа запрени од Арсенал.
Навивачите се навикнати на успех во ова натпреварување и многу тешко им падна поразот од лондончани во двомечот. Токму од тука бараат од својот сопственик да се засили идното лето.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, агентите на Виктор Ѓокереш му го понудиле Швеѓанецот на Перез, но Шпанецот не бил заинтересиран.
Перез го гледа Ѓокереш како многу добар играч, но смета дека цената од околу 100 милиони евра не е оправдана.
Ѓокереш сезонава ја „запали“ Европа со настапите за Спортинг, па од тука за него сега се интересираат екипи како Арсенал, Манчестер Јунајтед и други гиганти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА