Напаѓачот на Бешикташ, Ченк Тосун ги договорил условите за трансфер во Евертон, известуваат турските медиуми. Наводно, турскиот голгетер ќе се пресели на „Гудисон парк“ за сума од 14 милиони фунти.
Репрезентативецот на Турција сезонава импресионира со своите голгетерски способности откако постигна 13 погодоци во сите натпреварувања и е еден од најзаслужните за успехот на Бешикташ да се пласира во нокаут фазата во Лигата на шампиони. За неговиот потпис се интересираа бројни англиски клубови како Тотенхем, Кристал палас и Вест хем, но според шпекулациите екипата од Мерсисајд ја доби битката за неговиот потпис.
Останува Евертон и Бешикташ да се договорат околу условите на трансферот, а раководството на „карамелите“ се надева дека до почетокот на зимскиот преоден рок ќе го реализираат ангажманот и ќе му ја исполнат првата желба на новиот менаџер Сем Алардајс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА