Англискиот премиерлигаш Брентфорд ја одби подобрената понуда на Њукасл од 40 милиони фунти за напаѓачот Јоан Виса, но фудбалерот е решен да го напушти клубот ова лето и да се пресели на „Сент Џејмс Парк“.
Виса останува цврсто посветен на намерата да се приклучи на Њукасл. Тој верува дека има постигнато принципиелен договор со Брентфорд за заминување и очекува клубот наскоро да го одобри трансферот. Ова е иста ситуација како Александар Исак, играчот на Њукасл на чие место треба да дојде докму Виса.
Њукасл првично понуди 35 милиони фунти, со дополнителни 5 милиони во форма на бонуси, но според извори на Би-Би-Си, понудата сè уште не ја достигнува внатрешната проценка на Брентфорд за вредноста на 28-годишниот напаѓач.
Разговорите меѓу двата клуба продолжија и денес, откако Виса во вторникот одржа директен состанок со сопственикот на Брентфорд, Метју Бенхам. Тоа го отвори патот за нова рунда преговори, откако претходната понуда на Њукасл, вредна 30 милиони фунти, беше исто така одбиена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

