Лаутаро Мартинез има подобар почеток во дресот на Аргентина од Диего Марадона, Лионел Меси, Габриел Батистута и бројни други ѕвезди на јужноамериканската селекција.
Иако само со 21 година напаѓачот на Интер има феноменален репрезентативен старт постигнувајќи 9 гола на 13 натпревари за Гаучосите.
Аргентинците славеа со 4-3 против Мексико во пријателски натпревар. Меси не играше поради повреда, а Мартинез стигна до хет-трик во само 22 минути од првото полувреме.
Во првите 13 натпревари за репрезентацијата Гонзало Игуаин и Диего Марадона постигнаа по седум гола, Габриел Батистута – шест, Хернан Креспо – пет а Сержо Агуеро четири погодоци. Лионел Меси постигнал само два гола во првите 13 натпревари во дресот на Аргентина.
Феноменалниот Мартинез е на мета на шпанскиот гигант Барселона, токму на инсистирање на Меси, но Интер не сака ниту да чуе за негова продажба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА