Голман го постигна голот на сезоната во Полска (ВИДЕО)

Дваесетишесттото коло во полското фудбалско првенство донесе спектакуларен гол за кој е задолжен голманот на Радомијак, Габријел Кобилак кој на гостувањето кај Пушца постигна гол од 80 метри.

Гостите долго време се обидуваа да стигнат до изедначување, а откако нападите на напаѓачите не вродија плод на сцена настапи голманот кој во обид да ја нафрли топката што поблиску до противничкиот шестнаестник успеа да го совлада голманот на спротивната страна станувајќи хит на социјалните мрежи каде фановите веќе го конкурираа за гол на сезоната.

Се вчитува...