Кенискиот голман Брајан Оланго доживеал невидена тортура откако тројца мажи го киднапирале, а потоа го тепале и го боделе со нож.
Голманот на кенискиот премиерлигаш КЦБ, се опоравува во болницата во Најроби. Тој после убодите добил длабока рана на телото, а има повреди и на главата.
Неговиот клуб се посомневал дека нешто не е во ред откако Оланго не добил на тренинг, а потоа клубот издал соопштение:
„Примивме информација дека од семејството на Брајан Оланго дека исчезнал во 18 часот. Известени сме дека на својата сопруга и пратил СОС повик, и дека не е на безбедно место“, стои во соопштението на неговиот клуб.
Неговиот брат Кевин за локалните медиуми кажа дека Кениец и Нигериец го киднапирал во близина на трговски центар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

