Голманот на Домжале отиде на „Милионер“ и растури…

Голманот на Домжале, Миха Тетичковиќ, се обидува да го разбие стереотипот дека фудбалерите не се премногу интелигентни, растурајќи на словенечкото изддание на квизот „Кој сака да биде милионер“.

„Една од причините поради кои се пријавив е токму затоа што ми пречеше што луѓето не ме сметаат за доволно интелигентен само затоа што се занимавам со фудбал. Сакам со дело да го демантирам тој стереотип“ – истакна Тетичковиќ за време на квизот.

И навистина, 23-годишниот словенечки чувар на мрежата беше импресивен во својот настап, точно одговарајќи на првите девет прашања на квизот. Тетичковиќ досега заработи 800 евра и остана во игра за главната награда од 100.000 евра, во продолжението од квизот што ќе бие емитувано вечерва.

Се вчитува...