Голман на Манчестер Јунајтед се пензионираше на 23 години

Манчестер Јунајтед потврди дека нивниот голман Пол Вулстон стави крај на кариерата, иако има само 23 години. Клубот од Олд Трафорд не ја прецизираше причината поради која Вулстон се реши на ваков чекор, а англиските медиуми пишуваат дека станува збор за повреда на колкот.

Вулстон мораше да прави две операции за кратко време, во март и април минатата година. Не успеа да се опорави, и тоа значеше крај на кариерата.

Во Јунајтед стигнал пред четири години од Њукасл. Бранеше за резервниот тим на „црвените ѓаволи“ во младинската Премиер-лига.

Се вчитува...