Голман на Рио Аве ќе брани за Гостивар

Голманот на Рио Аве, Васко Василев е пред преселба во редовите на новиот прволигаш Гостивар, дознава ЕКИПА. Тимот беше во преговори со неколку голмани, меѓу кои и Ристо Јанков, но откако пропадна можноста екс чуварот на мрежата на Работнички да се пресели во Гостивар, сега најблиску до голманската позиција е младиот 19-годишен Василев, кој е дел од младинскиот тим на Поргугалците.

Василев во минатото настапуваше во младите категории на Графичар и на Црвена Звезда, а во септември 2022 година од Белград се пресели во Рио Аве. Иако тренираше, сепак, не забележа ниту еден настап за сениорската екипа. Тој потекнува од фудбалската школа на Вардар.

Василев бранеше за помладите селекции на Македонија, а има и два настапи за У21 селекцијата против Летонија и против Ерменија на пријателски натпревари. Гостивар со него добива големо засилување на најболното место во тимот за прволигашките настапи.

Гостивар прави тим со кој главната цел ќе биде опстанокот во најсилната конкуренција. За таа цел во изминатите недели беа доведени неколку искусни прволигашки имиња.

Се вчитува...