Аргентинскиот голман Херонимо Рули, ќе биде нов голман на Олимпик Марсеј. Рули во моментов е дел од Ајакс, и ќе замине од клубот и ќе се пресели во Франција. Тој беше дел од националниот тим на Аргентина кога оваа земја го освои трофејот од Светското првенство во Катар 2022 година.
Рули во минатото беше голман на Виљареал, а македонската публика го памети по настапите за Реал Сосиедад против Вардар во Лигата на Европа во 2017 година.
Во моментов за францускиот тим брани Пау Лопез од Шпанија, кој е пред заминување од тимот и пред „кам-бек“ во Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА