Бразилскиот голман Сантош од екипата на Атлетико Паранаенсе ќе биде запишан во историјата како прв што заработува суспензија поради користење на мобилен телефон на натпревар.
Навивачите на неговиот клуб објавија видео од загревањето пред мечот со Атлетико Минеиро, на кое јасно се гледа како Сантош го користи својот телефон додека остатокот од тимот се загрева. Иако мечот официјално не е започнат, правилата строго забрануваат користење на мобилни телефони на самиот терен, поради што на голманот му беше изречена суспензија од еден натпревар.
Ден по објавувањето на видеото Атлетико се јави со соопштение дека Сантош намерно го користел телефонот за снимање на реклама со два спонзори на клубот, но „дисциплинецот“ остана доследен на ставот дека голманот мора да биде казнет, со објаснување дека ако станувало збор за рекламна кампања на клубот, за истото сепак морала да биде известена и федерацијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА