Голман во Норвешка го намалувал голот пред секој меч (ВИДЕО)

Фудбалскиот сојуз на Норвешка почна истрага против голманот на Викинг Патрик Гунарсон поради обвинувања дека пред секој меч на домашен терен го намалувал голот, пренесуваат норвешките медиуми.

Тамошниот „Алфтенпостен“ откри дека голманот на Викинг пред секој меч го смалувал голот за 15-20 сантиметри.

„Откако помошникот судија ќе го прегледа голот, Гунарсон ги поместувал стативите кон внатре. Неговиот гол поради тоа бил нешто пократок од голот на противникот“, пренесуваат медиумите.

Се појавија и неколку снимки кои го потврдуваат тоа.

Се вчитува...