На „Енфилд“ на пресметката меѓу Ливерпул и Реал Мадрид е нерешено 2:2 пред самиот крај на полувремето. Голманите го крадат „шоуто“ откако им даруваат на своите противници голови како од шега.
Куртоа во 14. минута направи голема грешка и му подари гол на Салах. Во тие мигови Ливерпул имаше водство од 2-0, откако претходно погоди Нуњез.
Потоа намали Виницус, а Алисон му „врати“ на Куртоа за грешката, па и Бразилецот на другата страна му подари гол на Реал, поточно на Винициус. Едно лошо избивање на голманот на Ливерпул, за израмнување и спектакл на „Енфилд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

