Голманката на женскиот фудбалски тим на Баерн Минхен, Мала Грос, објави дека и е дијагностициран малигнен тумор. Во знак на поддршка клубот го продолжи договорот со Грос на уште една година.
„Грос ќе биде надвор од терените на „неодредено време“ за да може „целосно да се концентрира на своето опоравување“, соопштија од клубот.
„Овде сум во најдобри раце со лекарите. Сите во клубот ме поддржуваат. Сето ова е предизвик, но со сечија помош дефинитивно ќе го надминам”, изјави Грос.
Таа пристигна во Баерн во 2019 година и со тимот од Минхен освои три шампионски титули на Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА