На „Сигнал Идуна парк“ конечно ќе има фудбал. По синоќешниот бомбашки напад на автобусот на Борусија Дортмунд, денеска конечно ќе победи фудбалот.
Голманот на „милионерите“, Роман Бурки, на загревањето излезе во дресот на Марк Бартра, неговиот клупски цимер кој беше повреден во синоќешниот напад на автобусот. Тој заврши во болница и беше опериран, но денеска излезе со објава на Инстаграм и порача дека се чувствува добро, заблагодарувајќи се на поддршката на сите фанови. На овој начин поддршка му изрази и Роман Бурки.
Мечот меѓу Борусија Дортмунд и Монако, прв четвртфинален дуел од Лигата на шампионите, ќе започне во 18.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА